Линкови за пристапност

Нееднаквата распределба на вакцини меѓу богатите и сиромашните земји не е само неморално туку и глупаво, рече Гутереш


Генералниот секретар на ОН рече дека напорите на богатите држави да ги вакцинираат граѓаните еднаш, двапати или трипати ќе пропаднат, ако остатокот од светот не се вакцинира и се појавуваат нови мутации на вирусот

Да не постои рамномерна распределба на вакцините не е само прашање на неморалност, туку е и прашање на глупавост, рече нервозно генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутереш за нееднаквата достапност на вакцини меѓу богатите и сиромашните држави.

Гутереш рече дека напорите на богатите држави да ги вакцинираат граѓаните еднаш, двапати или трипати ќе пропаднат, ако остатокот од светот не се вакцинира и се појавуваат нови мутации на вирусот.

ОН и Светската здравствена организација (СЗО) бараат осум милијарди долари за да ја имплементираат нивната стратегија да се вакцинира 40 отсто од населението во секоја држава до крајот на годината и 70 отсто до средината на 2022.

Планот предвидува богатите држави да споделуваат вакцини со сиромашните, како и да ги исполнуваат нивните заложби за донации во Ковакс механизмот, светска иницијатива за еднаков пристап до ковид вакцини.

„Се` уште можеме да ги постигнеме целите за оваа година и наредната, но, потребно е ниво на политичка заложба, акција и соработка повеќе од она што сме го виделе досега“, рече генералниот директор на СЗО Тедрос Адханом Гебрејесус.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG