Линкови за пристапност

Над 175 научници и активисти бараат Бајден да испрати повеќе вакцини во светот


Тие испратиле писмо до претседателот во кое го повикуваат да најави амбициозна програма за глобално производство на вакцини во наредните 30 дена, објави Вашингтон пост

Повеќе од 175 експерти за јавно здравје, научници и активисти, испратиле писмо до претседателот Џо Бајден во кое го повикуваат да направи повеќе за зголемување на глобалното снабдување со вакцини, со цел да се спречи појава на повеќе позаразни варијанти на вирусот, објави весникот „Вашингтон пост“.

Тие го повикуваат Бајден да најави амбициозна програма за глобално производство на вакцини во наредните 30 дена, велејќи дека таквиот план е „единствен начин да се контролира пандемијата, да се заштитат скапоцените придобивки досега, и да се изгради инфраструктура за вакцини во иднина“.

Весникот пишува дека експертите испратиле одвоено писмо до претседателот, во кое нагласуваат дека САД имаат складирано над 55 милиони дози вакцини, додека милиони луѓе во Африка, Латинска Америка и Азија се` уште чекаат да добијат прва вакцина во време кога делта варијантата се рашири во цел свет.

Администрацијата минатата недела најави дека САД испратиле над 110 милиони дози вакцини во десетици држави, и оти ќе испратат 500 милиони дози од вакцината на „Фајзер“ во речиси стотина држави со ниски и средни примања.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG