Лекарите предупредуваат дека последиците од пандемијата врз менталното здравје на децата се алармантни, објави Асошиетед прес.
Најзафатената болница за педијатрија во Франција има двојно зголемување на бројот нa деца и млади тинејџери, кои бараат третман по обид за самоубиство.
Лекарите насекаде пријавуваат слични вакви случаи кај децата, некои од нив и на осумгодишна возраст, кои намерно истрчуваат во сообраќај, се предозираат со лекови, и користат други начин да се повредат себеси.
Во Јапонија, самоубиствата на деца и адолесценти достигнале рекордно ниво во 2020 година. И терапевтите за деца велат дека забележуваат фобии кај децата поврзани со коронавирусот, меѓу кои нарушување на исхраната, триење на рацете и премачкување на телото со гел за дезинфекција.
Според еден лекар, пренесува Асошиетед прес, кризата ги афектира сите, на возарст од 2 до 99 години.
Facebook Forum