Линкови за пристапност

Латинска Америка е нов епицентар на пандемијата во светот


Њујорк тајмс, пак, известува дека државите во Европската Унија планираат да им забранат влез на американските граѓани, поради неуспехот на САД да го контролираат вирусот

Латинска Америка е нов епицентар на пандемијата во светот, со над 100.000 смртни случаи.

Бразил има најмногу заразени во регионот, односно 1.145.906 случаи на КОВИД-19, вклучувајќи 52.645 мртви, со што се наоѓа веднаш зад САД, кои водат во двете категории, и заразени и смртни случаи.

Федерален судија нареди и претседателот Жаир Болсонаро да носи маска на јавно место, или да плаќа казна од речиси 400 долари на ден.

Досега, Болсонаро одбива да ја покрие устата на големи политички собири, каде има близок контакт со гласачи и деца.

Њујорк тајмс, пак, известува дека државите во Европската Унија планираат да им забранат влез на американските граѓани, поради неуспехот на САД да го контролираат вирусот.

Светската здравствена организација (СЗО), вели дека пандемијата се зголемува, и покрај тоа што државите почнаа да ги олеснуваат рестрикциите.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG