Линкови за пристапност

Јазичните бариери ја отежнуваат борбата против Ковид-19 во имигрантските заедници во САД


Во Мериленд, каде 56% од возрасните зборуваат шпански, тој јазик го познаваат само 60 од вкупно 1.350 трагачи по контакти

Само мал број трагачи по контакти кои работат на забавување на ширењето на Ковид-19 во 125 заедници во близина на Чикаго, зборуваат шпански, и покрај големата шпанска популација. Црквите и групите за застапување во Хјустон се обидуваат да ги убедат имигрантите да соработуваат со здравствените власти. И во Калифорнија, имигрантите се тренираат како трагачи за контакти за да се намали недовербата.

Поради јазичните бариери, збунетоста и стравот од владата особено е тешко да се трага по контактите на луѓе кои биле тестирани позитивно на коронавирусот во имигрантските заедници.

Неуспехот на здравствените оддели низ САД соодветно да го испитуваат ширењето на коронавирусот меѓу не-англиските говорници е уште повеќе отежнат со оглед на растечкото и непропорционално пребројувања на случаи меѓу Латиноамериканците во многу држави. Четири од најтешко погодените држави - Флорида, Тексас, Аризона и Калифорнија - имаат најголема популација што зборува шпански.

Во Мериленд 56% од возрасните зборуваат шпански. Но, само 60 од 1.350 трагачи по контакти во Мериленд зборуваат шпански.

Кога станува за јазичните бариери не е проблем само шпанскиот јазик. Така, Минеаполис има потреба од трагачи по контакти кои исто така зборуваат сомалиски, оромо и хмонг, на Чикаго му требаат трагачи кои знаат полски, а во Хјустон се бори трагачи кои ќе работат со население кое зборува на виетнамски, кинески и хинду.

Но, дури и кога здравствените службеници ќе го решат проблемот со јазичните бариери, проблем е длабокиот сомнеж на имигрантите кога некој од властите ги повикува да ги праша за нивното движење во време кога се спроведуваат строги мерки во областа на имиграцијата под претседателство на Доналд Трамп.

„Не треба да не изненадува што луѓето можеби се плашат да одговорат на телефонот“, рече д-р Киран Џоши, виш медицински претставник на Одделот за јавно здравје на округот Кук, кој опслужува 2,4 милиони луѓе во заедниците непосредно до Чикаго.

Уште поголем предизвик е долгото време на чекање додека се добијат резултатите од тестот за Ковид-19, најчесто надминувајќи една недела. Нацијата, исто така, во просек има над 60.000 нови случаи на ден.

Трагачите по контакти настојуваат да ги уверат пациентите дека ништо нема да им се пренесе на службениците за имиграција


Сето тоа значително влијае на можноста на трагачите да стигнат до 75% од контактите на пациентот со позитивен тест во рок од 24 часа, праг за кој експертите велат дека е неопходен за да се контролира пандемијата.

Властите велат дека е особено тешко да се исполни тој праг во имигрантските заедници.

Трагачите по контакти настојуваат да ги уверат пациентите дека ништо нема да им се пренесе на службениците за имиграција, дека не мора да даваат информации за социјално осигурување и дека нивните контакти нема да знаат кој ги споделил нивните имиња и телефонски броеви.

„Ние се обидуваме да го обучиме нашиот персонал да биде доволно убедлив за да воспостави доверба и да им кажеме за што е процесот за пронаоѓање контакти, но можеме да го сториме само тоа“, рече Хеверт Росио-Бенитез, кој го надгледува трагањето по контакти во јавното здравство во округот Харис.

Значи, секоја недела, здравствениот оддел се состанува со свештенството, законодавците и групите за застапување за да добие повратна информација и да одговори на прашања на имигрантите „и да им укаже дека е потребно учество на заедницата за успешно спречување на вирусот“, вели Бенитез.

Во Илиноис, округот Кук планира да употреби државен грант од три милиони американски долари за да ја прошири својата програма за следење на контактите во наредните месеци, вклучително и јавна комуникација.

Одделот планира да соработува со локалните организации за да им помогне на луѓето од сите заедници да знаат дека би можеле да добијат телефонски повик од здравствените службеници, при што идентификаторот на повикувачот ќе укажува јасно кој повикува и дека навистина е важно за јавното здравје луѓето да се јават на телефон.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG