Линкови за пристапност

Се намалува бројот на нови инфекции со ковид во светот


Тајван забележа најмал број на нови инфекции со ковид од 15-ти мај, исто така и во Индија

Илјадници јапонски компании започнаа со проширување на програмите за вакцинирање на работното место во понеделникот, инокулирајќи ги работниците во компаниите и нивните семејства.

Некои од компаниите беа критични кон, како што рекоа, бавното темпо на владата на јапонската кампања за инокулација.

Почетокот на програмата за вакцинирање на работно место доаѓа само неколку недели пред отворањето на Олимписките игри во Токио.

Во Индија, Министерството за здравство пријави 53.256 нови случаи со ковид во понеделникот во претходниот 24-часовен период, што е најмал дневен број во 88 дена или околу три месеци.

Тајван забележа најмал број на нови инфекции со ковид од 15-ти мај. Здравствените власти објавија 75 нови инфекции во понеделникот. Вчера Тајван прими 2,5 милиони вакцини од САД.

Досега се регистрирани повеќе од 178 инфекции на ковид на глобално ниво, според Центарот за ресурси на коронавирусот Џонс Хопкинс. Најмногу има во САД со 33,5 милиони, додека Бразил има 18 милиони.

Бразил стана втората земја по САД, што забележа повеќе од половина милион смртни случаи од ковид, изјави во саботата официјален претставник на Министерството за здравство во Бразил.

Велика Британија за прв пат одржа целосен музички фестивал откако сите масовни настани беа откажани во март минатата година со почетокот на пандемијата.

На настанот, кој заврши во неделата, учествуваа 40 бендови од Велика Британија.

Од присутните се бараше да покажат негативен тест пред настанот. Не беа потребни ниту маски ниту протоколи за социјално дистанцирање, рекоа организаторите на настанот.

Велика Британија пријави скоро 128 илјади смртни случаи, четврта по ред во светот и најлоша рангирана во Европа.

Минатата недела, премиерот Борис Џонсон го одложи за четири недели планираното укинување на ограничувањата поврзани со коронавирусот.

Ограничувањата требаше да бидат укинати во понеделникот, но сега ќе траат до 19-ти јули. Велика Британија се бори со многу заразната варијанта Делта на вирусот, кој за прв пат беше идентификувана во Индија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG