Советот на министри на ЕУ одлучи предлогот на ЕК за почеток на преговори да го разгледа повторно во текот на наредната година доколку Македонија направи напредок на планот на демократските реформи и добрососедските односи.
Во заклучоците се вели дека „политичката криза“ која уследила по 24-ти декември покажала дека има „длабоки разлики меѓу политичките партии“ што оставаат последици на работата на Собранието и „покажуваат дека е потребна конструктивна политика заради националниот интерес“.
Советот на ЕУ смета дека е најважно да се примени договорот од 1-ви март со ЕК и дека ВПД придонел за напредок во повеќе области, како судството и борбата против корупцијата.
ЕУ е посебно загрижена за слободата на изразувањето и медиумите.
Унијата укажува и на тоа дека земјата треба да го примени законските и политички рамки што ги усвоила, а што не е направено во доволна мерка.
„Особено внимание треба да се насочи кон владеењето на правото, вклучително независноста на судството и понатамошни резултати во борбата против корупцијата и организираниот криминал“, стои во нацртот.
Советот потсетува на ревизијата на Охридскиот договор и меѓуетничките односи, што треба да се примени. Стратегијата за Ромите треба да се примени. Исто така, од Македонија се очекува конечно да направи „јасна дистинкција помеѓу партијата и државата“, како што тоа го бара ОБСЕ. ЕУ вели - треба да се посвети внимание и на високата невработеност и јавното финансиско управување.
За спорот со името и добрососедските односи, Советот повторно оцени дека преговорите за името што поскоро треба да се приведат кон крај. И Бугарија најде место во заклучоците, каде што се вели дека нашата земја и Бугарија имале министерски контакти и постои надеж дека овие контакти ќе се претворат во конкретна акција и резултат.
Конечно, Советот наведува дека ја споделува оценката на ЕК дека земјата се` уште ги исполнува политичките критериуми за препораката. На крајот, министрите од ЕУ најавуваат дека на ова ќе се навратат во текот на 2014-та, но без да прецизираат кога. Тоа ќе го направат „врз основа на ажурирањето од ЕК за понатамошната примена на реформите“.
Еврокомесарот за проширување Штефан Филе изрази надеж дека земјата ќе ги искористи следните месеци за да напредува во реформите и работата со сите партнери, за да излезе од статус-кво ситуацијата. Следниот чекор на европскиот пат може биде преземен наскоро, порача Филе.