Линкови за пристапност

Транспаренси интернешенал: Македонија на 69-то место по корумпираност


Од 176 држави, Пакистан и Камбоџа се најкорумпирани. Од балканските држави само Хрватска се котира подобро од Македонија, на 62-ро место.

Лутината во врска со корупцијата предизвика масовни демонстрации, па дури и собори влади последниве неколку години. Но глобална студија објавена во среда од Транспаренсу интернешенал наоѓа дека проблемот е раширен во цел свет.

Во Пакистан, наставникот Башир Булти вели дека е потребен поткуп да се добие работа.

Камбоџанскиот такси возач на моторцикл Чам Ван вели дека полицијата понекогаш ја префрла вината за сообраќајни несреќи на сиромашните, без оглед кој е навистина виновен.

Пакистан и Камбоџа се меѓу 176-те држави проучувани од анти-корупциската група Транспаренси интернешенал.

Хагет Лабел од групата вели дека мнозинството на државите имаат сериозен проблем со корупција.

„Ова се претвора во човечко страдање, со принудување на сиромашни семејства да плаќаат поткуп за да дојдат до лекар или до пристап до чиста вода за пиење.”
Таа предупредува дека поголеми инфраструктурни проекти во нации во развој и работата потребна за борба против нации во развој, може да бидат во ризик заради корупцијата. Лабел гледа надеж кај некои нации каде нови закони прават лесно јавноста да го следи владиното трошење и да понуди заштита за луѓе кои го креваат гласот против корупцијата.

Сомалија, Северна Кореја и Авганистан добија најлош рејтинг, додека Данска, Финска и Нов Зеланд се се најмалку корумпирани држави.
САД се на 19-то место зад најдобро рангираната држава, додека Кина се пласира на 80-то, а Индија на 94-то место.

Поплаки против корупцијата помогнаа да почне Арапската пролет, со масовни протести и други акции за соборување на владите во Тунис, Египет и Либија.
Но извештајот покажува дека дури и драстични чекори за промена на влада не ја прекинаа корупцијата.

Робин Рајт од Центарот Вудроу Вилсон не е изненадена.

„Бакшиш е концепт што е централен за начинот на живот на Блискиот исток, при што бакшиш е поткуп. И тоа не е променето преку ноќ со воведувањето на демократски идеали или цели. Како што рече еден биснисмен од Либија, имавме еден Гадафи, сега имаме шест милиони. “

Чарлс Кени од центарот за глобален развој вели дека корупцијата има повеќе форми. Тој корупцијата ја нарекува симптом на сиромашни влади и вели дека изнесувањето на проблемот пред јавноста и привлекување на вниманието на официјални лица ќе помогне – со време.

„Овие промени во нормите на однесување одат бавно, зашто треба да се промени однесувањето на милиони луѓе во земјата.“
Кени вели дека корупцијата предизвикува проблеми за бизнисите кога парите се пренасочуваат во џебови на официјални лица наместо да бидат потрошени на патишта и енергетски проекти.

Нигериската шивачка Укуди Нава ја обвинува корупцијата за проблематично снабдување со електрична енергија. Таа вели дека муштериите и` се лутеле кога ги крева цените за да ги покрие трошоците на гориво за нејзиниот помошен генератор.

„Тоа има навистина лош одраз на мојот бизнис зашто прави да морам да трошам повеќе.“

Транспаренси интернешенал го базира својот годишен извештај на повеќе извори на информации од бизниси, меѓународни организации и стручњаци од светот.
XS
SM
MD
LG