Линкови за пристапност

Постигнат договор Владата на САД да може да продолжи да се задолжува


Лидерот на мнозинството во Сенатот Чак Шумер го најави договорот по преговори со републиканскиот лидер Мич Меконел

Лидерите на американскиот Сенат денес постигнаа договор Bладата да може да продолжи да се задолжува до почетокот на декември за да избегне евентуален прв неуспех да ги исплати долговите на државата за помалку од две недели.

Лидерот на мнозинството во Сенатот Чак Шумер го најави договорот по преговори со републиканскиот лидер Мич Меконел.

Идејата е да се продолжи сегашниот долгорочен долг на државата од 28,4 трилиони долари за неодреден износ за покривање на владините трошоци до декември, до кога треба да се реши овој проблем.

Шумер рече дека се надева дека ќе добие одобрување од Конгресот доцна вечерва, но, не кажа детали за висината на долгот за која се согласиле законодавците, ниту пак за други услови од договорот.

Според медиумски извештаи, новото овластување за задолжување ќе се продолжи до 3-ти декември и ќе дозволи Владата да позајми дополнителни 480 милијарди долари.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG