Линкови за пристапност

Републиканците сепак нема да го укинат телото за етика


Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп вели дека Претставничкиот дом треба да се фокусира на многу поважни прашања

Републиканските законодавци во Претставничкиот дом го откажаа планот за одземање на независноста на етичкото тело на денот кога започна со работа новиот Конгрес, само неколку часа откако новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп ги нападна нивните напори.

„Со сето ова, Конгресот треба да продолжи со работа, дали навистина треба да се ослаби независното етичко тело, колку и да изгледа не фер, ова е нивниот прв акт и приоритет“ рече Трамп во Твитер порака откако републиканските законодавци се сретнаа зад затворени врати за да ја стават етичката комисија под нивна контрола преку Етичката комисија на Претставничкиот дом.

Трамп кажа дека законодавците треба да се фокусираат на реформа на даноците, здравствената заштита и многу други нешта од поголемо значење„ и ги повика“ да го исушат мочуриштето на дилерите на влијание во Вашингтон.

Лидерите во Претставничкиот дом ги откажаа етичките промени откако Трамп, демократите и надворешни групи го нападнаа предлогот.

XS
SM
MD
LG