Линкови за пристапност

Конгресот предложи елиминација на телото за етика


Републиканските конгресмени се изјаснија за ограничување на овластувањата на независната етичка комисија

Републиканците во Претставничкиот дом вчера гласаа за ставање на независното тело за истражување на можни етички неправилност сторени од членовите на Конгресот под надзор на канцеларијата за етика контролирана законодавците.

Непартиската канцеларија за конгресна етика беше создадена во 2008-та како одговор на големиот број на скандали со корупција и поткуп во кои се вклучени членови на Конгресот.

Со гласање од 119 наспроти 74, за време на состанокот зад затворени врати се предлага канцеларијата сега ќе биде под управа на Конгресниот комитет за етика. Промената се очекува формално да биде прифатена од Конгресот како дел од поширок пакет за кој ќе се гласа во вторникот.

Спикерот на Претставничкиот дом, Пол Рајан и лидерот на мнозинството Кевин Мекарти се спротивставија на промената.

Демократите објавија соопштение на Твитер, силно критикувајќи го чекорот, и многу законодавци упатија на ветувањето на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп за време на кампањата дека ќе го „исуши мочуриштето“ со етички реформи во администрацијата.

Лидерот на мнозинството Ненси Пелоси вели дека републиканската акција „оперативно ќе ја уништи канцеларијата“.

„Републиканците велат дека ќе го исушат мочуриштево, но на една ноќ пред заклетвата на новиот состав на Конгресот, републиканските претставници го елиминираа единствениот независен надзор на нивните акции“, се вели во соопштението.

XS
SM
MD
LG