Линкови за пристапност

Изборна година за Конгресот


Се враќа на работа со дневен ред на кој се невработеноста, здравствената заштита.

По паузата за празниците, Kонгресот на САД неделава продолжува со работа. Ова е изборна година за законодавците што ќе утврди кој ќе има контрола врз Сенатот и Претставничкиот дом, а на нивниот дневен ред се наоѓа редица потенцијално спорни прашања.

Едно од првите е продолжувањето на долгорочната социјална помош за оние кои го загубиле работното место. Сенатот, каде мнозинство се демократите, за ова ќе гласа денеска. Но,мерката мора да мине и во Претставничкиот дом, каде контрола имаат републиканците. Тие не се особено заинтересирани за продолжување на социјалната помош за 1,3 милион Американци што запре на 28-ми декември, освен доколку не бидат скратени трошоците во други области.

Републиканците и натаму се фокусираат на законот за здравствена заштита, донесен по иницијатива на претседателот Барак Обама. Тие поднесоа мерка за безбедност на податоците на осигурениците и велат дека целта е да се заштитат американските граѓани.

Од другите приоритети, Конгресот има рок до 15-ти јануари да одобри средства за непречено работење на владата, бидејќи во спротивно би дошло до нејзино ново делумно затворање. Мерката најверојатно ќе биде усвоена со фактот дека рејтингот на законодавците стрмоглаво опадна за време на владиното затворање во октомври минатата година.

Во ноември годинава ќе се избираат сите места во Претставничкиот дом и една третина во Сенатот.
XS
SM
MD
LG