Линкови за пристапност

Конгресни преговарачи постигнаа двегодишен договор за буџетот


Мора најнапред да мине на гласање во Конгресот и да биде потпишан од претседателот за да стапи на сила.

Конгресни преговарачи постигнаа делумен натпартиски договор за финансирањето на федералната влада во наредните две години и за избегнување на ново владино затворање, под услов да мине на гласање во Конгресот и да биде потпишан од претседателот, со што и официјално би стапил на сила.

Главните преговарачи, претседавачката на Сенатската комисија за буџет Пети Мјуреј, која е демократка, и републиканецот Пол Рајан, кој претседава со Комисијата за буџет на Претставничкиот дом, на синоќешната прес-конференција ги изложија деталите на предложената спогодба. Со неа би се вратило автоматското буџетско кратење во износ од 60 милијарди долари, во разноразни програми, од оние што се однесуваат на од парковите, па се` до оние на Одделот за одбрана.

Спогодбата го намалува националниот долг од 17 трилиони долари, за 23 милијарди.

Па сепак, мерката не се справува со трите главни двигатели на американскиот дефицитарен трошок - владината програма Медикеар за здравствено осигурување на постарите лица, програмата Медикејд за помош на сиромашните, како и владиниот пензиски план.

Белата куќа издаде соопштение во кое претседателот Барак Обама го поздрави договорот како „добар прв чекор“.

Привремениот буџет, со кој во моментов работи владата, истекува на 15-ти јануари.
XS
SM
MD
LG