Линкови за пристапност

Хумористичен аспект на создавањето мир на Блискиот исток


Хумористичен аспект на создавањето мир на Блискиот исток
Хумористичен аспект на создавањето мир на Блискиот исток

Територијалниот конфликт меѓу Еврејската држава Израел и арапските Палестинци од регионот трае со генерации, фрустрирајќи легии на медијатори и дипломати. Како едно лице може да направи позитивна промена? Грегори Леви се обиде и својата книга ја нарече „Како да се направи мир на Блискиот исток за шест месеци или помалку, без да го напуштите домот“ .

Грегори Леви не е обичен миротворец. Канадски Евреин, а сега професор по комуникации на универзитет во Торонто, бил студент по право без искуство во дипломатија кога во 2005-те бил најмен да пишува говори за израелскиот премиер Ариел Шарон. Тој вели дека годината што ја минал на Блискиот исток била трансформирачко искуство.

„Кога стигнав во Израел мислев дека тоа беше оптимистичко време. Кога заминав бев многу попесимистичен. Како што дознавав повеќе за конфликтот, сфатив дека не е се` црно-бело. Има милиони нијанси на сиво. Како резултат, станав многу поциничен во однос на очекувањето на мир, за жал. Исто така се уморив од екстремисти на лево и на десно, Израелци и Палестинци, кои само викаат едни на други“.

Тогаш решил да го запре „викањето“ како „слободен дипломат“ ... решавајќи го проблемот – сам.

„Зборував со луѓе од целиот политички спектрум, од крајната десница до крајната левица, еврејски екстремисти на паравојска, поранешен советник на Јасер Арафат, и поранешен советник на премиерот Нетанјаху, во ист ден. Зборував со поранешни разузнавачи, со лобисти, политичари и новинари“.

Леви за прашањето разговарал со еврејски мајки и палестински сопственици на продавници.

Хроника на тие разговори Леви изнесува во книгата „Како да се направи мир на Блискиот исток за шест месеци без да се напушти домот“. Во неговото истражување Леви нашол дека е можно да се работи на мир без да се напушти домот, преку преговори во виртуелниот простор, каде блискоисточниот конфликт изгледа дека одлично се држи.

„Многу од оние со кои разговарав рекоа дека кренале раце. Тоа е многу тажно. Осумдесет проценти од луѓето што ги интервјуирав не сакаа за тоа повеќе да зборуваат. Дваесет проценти се оптимистични. Тој оптимизам понекогаш е изненадувачки. Тоа се луѓе кои страдале во конфликтот но кои остануваат вечно оптимистични“.

Леви останува скептик, но вели дека е важно да се држите до оптимизмот и да најдете пат до мирот пред да е сосема доцна.

„Не сум стручњак. Дури чувствувам дека знам помалку отколку кога почнав. Немам план. Немам идеја како да се стигне до мир“.

Но, вели, барем се обидел. И задоволен е од обидот. Ако ништо друго, гласот му бил чуен над викањето од двете страни.

XS
SM
MD
LG