Линкови за пристапност

Дигитална граѓанска платформа за Тетово презентирана во Вашингтон


Дигитална граѓанска платформа за Тетово презентирана во Вашингтон
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:22 0:00

По четиримесечно искуство во САД, 76 млади лидери од 53 држави во светот презентираа проекти фокусирани на решенија на проблемите во заедниците од каде доаѓаат

Проширување на можностите на граѓаните да учествуваат во донесувањето одлуки во локалната заедница преку дигитална платформа, е проектот на Фортеса Асани од Северна Македониа, презентиран неделава во Вашингтон. Таа била практикантка во Њујорк четири месеци, во рамки на програма на Стејт департментот и помогната од IREX. Таа вели дека има намера да го примени моделот во Тетово, нејзиниот роден град, кога ќе се врати дома.

„Моето истражување покажа дека Тетово се соочува со три главни проблеми: загаден воздух, менаџирање на отпадот и сообраќајот. Во партнерство со локалната самоуправа ќе се креира отворена иновативна платформа преку која локалната заедница ќе предлага решенија за овие проблеми“, вели Асани.

Програмата „Решенија за заедницата“ инволвира млади лидери од цел свет. Годинава, покрај Асани свои проекти претставија уште 75 млади лидери од 53 држави во светот. Сите се фокусирани на решенија на проблемите во заедниците од каде доаѓаат.

„Целта на мојот проект е подигнување на јавната свест за домашното насилство врз девојчињата адолесценти. Преку театарски претстави ги раскажуваме нивните приказни за да ја едуцираме нашата заедница, но и да им помогнеме на оние кои имаат ваков проблем да го надминат предизвикот,“ вели Кандис Мари Ендрјус од Тринидад и Тобаго.

Целта на програмата e и креирање мрежа на млади лидери од цел свет за полесно да разменуваат искуства, за позитивни промени во нивните заедници


„Малолетничните бракови се мошне присутни на Филипините. Затоа креиравме проект во чии рамки ќе ги едуцираме девојчињата за човековите права, репродуктивното здравје, но и за вештини кои што ќе им помогнат да бидат самостојни“, вели Сити Најлах Абдулалел од Филипини.

Учесниците веруваат дека експертизата и сознанијата стекнати во САД ќе бидат вредни кога ќе се вратат во нивните држави.

„Искуството во САД беше одлична можност да се запознаам со невладини организации кои работат со лица со посебни потреби. Оттука, креирав проект за радио емисија која ќе биде наменета за лицата со посебни потреби што ќе ги едуцира за нивните права“, вели -Сара Форти од Тунис.

Целта на програмата не е само нудење решение на локални проблеми, туку и креирање мрежа на млади лидери од цел свет за полесно да разменуваат искуства, за позитивни промени во нивните заедници.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG