Познатата златна монета со нов изглед. Според Американската печатница и ковачница на пари, на монетата од 2017-та ќе биде претставена афро-Американка.
Ова се случува во време кога државната ковачница ја одбележува својата 225-та годишнина.
„Златната јубилејна монета, американска слобода во 2017-та е прва од серијата на 24 каратни златни монети, на кои ќе се најдат различни дизајни на алегорични претстави на слободата, во различни современи форми, вклучувајќи дизајни на кои се претставени азиски-Американци, латино -Американци, домородни Американци, преку кои меѓу другото се рефлектира културната и етничката разноликост на САД,“ стои во соопштението од Американската печатница и ковачница на пари.
Освен претставата на афро-Американка, како „Лејди либерти“ на монетата можат да се видат и вообичаената круна од ѕвезди и тога. На реверсот од монетата е друг американски симбол, белоглавиот орел.
Секоја монета е со вредност од 100 долари.
Монетата не е прва на која е претставена жена од малцинските групи.
На монета од еден долар е претставена домородна Американка, која им помага на истражувачите Луис и Кларк за време на нивната експедиција за истражување на западниот дел на САД.
За неколку години, на банкнотата од 20 долари ќе биде преставена противничката на ропството, Хариет Табман.