Серија експерименти изведени од научници од Велика Британија и Јапонија сугерираат дека кафе и кусо преспивање ако се земат заедно, ја максимизираат свежината на мозокот многу подобро отколку ако се прават одвоено.
Научници од Универзитетот Лафборо во Британија нашле дека тестираните лица кои биле биле уморни и испиле шолја кафе, а веднаш потоа дремнале 15-тина минути, имале помалку грешки во симулираното возење на автомобил отколку оние кои испиле само кафе или само спиеле.
Тајната е во тоа што комбинацијата на кафеин и сон влијае на невромодулаторот наречен аденозин.
Нормалната активност полека го покачува нивото на аденозин во мозокот, што прави да се чувствуваме уморни. Кафето го намалува аденозинот, додека сонот природно го чисти од мозокот.
Истражувањето покажува дека се потребни околу 20 минути кафеинот да почне да влијае на мозокот, додека дремка веднаш по кафе го засилува неговиот ефект врз аденозинот.
Научниците велат дека за ова е потребво брзо да се испие кафето за да се има време за дремка, што не треба да трае подолго од 20 минути.
За оние кои не заспиваат лесно, научниците велат дека и полусон е добро решение.