Линкови за пристапност

Клинтон во Монголија


Американската државна секретарка е на турнеја за промоција на демократија и американско присуство во регионот

Американската државна секретарка Хилари Клинтон е во Монголија, како дел на азиската турнеја чија цел е да промовира демократија и поголемо американско економско присуство во регионот.

Клинтон во понеделник зборуваше на Меѓународниот форум за лидерство на жени што се одржа во главниот град Уланбатар.

Таа ги нагласи добрите страни и важноста на демократијата за економски растеж, нагласувајќи дека едно без друго не може да трае.

„Ние треба да го направиме 21-от век време во кое луѓето во низ Азија ќе станат не само побогати, туку мора да станат и послободни.“

Клинтон исто така имаше и разговори со претседателот Цакиа Елбегдорџ.

Клинтон неделава ќе ги посети и Лаос, Камбоџа и Виетнам пред да го напушти регионот.
XS
SM
MD
LG