Работните места денес стануваат се` помалку пристојни, за разлика од порано. Луѓето не кажуваат ве молам и благодарам. Вработените испраќаат пораки и електронска пошта за време на состаноци, игнорирајќи ги говорникот и дискусијата. Други земаат кредит за себе, на сметка на заедничка работа.
Вулгарните и омаловажувачки коментари достигнаа врв во правната фирма „Брајан Кејв“ во Калифорнија, во која сега се организира тренинг за цивилно однесување.
Менаџерот Стјуарт Прајс вели дека вработените направиле Кодекс на однесување.
„Се однесуваме еден кон друг со почит и рамноправност, иако условите се многу тешки. Во кодексот е забележана и непристојноста“, вели Прајс.
Тој вели дека нечовечно однесување веќе не се толерира. Прв чекор во таков случај, вели тој, е приватен разговор со лицето, кое реагирало несоодветно.
„Ако тоа продолжи, имаме подетални дискусии за отстранување на проблематичното однесување“, објаснува Прајс.
Непристојноста ја намалува мотивацијата
Професорката на Универзитетот Џорџтаун Кристин Порат, вели дека лошто однесување на менаџерите негативно влијае врз вработените, укажувајќи на личен пример, во кој шефовите се однесувале нарцистички и со омаловажување кон другите.
„Се одрази врз продуктивноста, мотивацијата и расположението во текот на денот. Ги повреди вработените, не само нивниот професионален живот, туку и нивната приватност, бидејќи ги носеа проблемите дома“, вели Порат.
Таа додава дека непристојноста може сериозно да се одрази врз здравјето на луѓето.
„Тако ми имаше двајца лоши шефови, и заврши во болница во прединфарктна состојба, како резултат на нивното однесување“, рече Порат.
Расте дрскоста
Порат вели дека се` повеќе луѓе се соочуваат со дрскост, непочитување и грубост на работните места.
Шеесет проценти од испитаниците во нејзините истражувања, вели таа, одговориле дека се однесуваат непристојно поради стрес.
Бидете човечни
За да се избегнат недоразбирања, Порат препорачува вработените да не испраќаат електронска пошта ако се чувствуваат стресни или лути, да ги препрочитуваат пораките пред да ги испратат, за да не бидат сфатени погрешно, или пак, да ги испратат подоцна.
Совети за пристојно однесување на менаџерите:
• Слушајте почесто;
• Смејте се почесто;
• Заблагодарувајте се почесто;
• Покажете искрен интерес кон мислењето на другите;
• Не навредувајте и омаловажувајте ги другите;
• Искажете несогласување со почит.
Совети за вработените во непристојна работна атмосфера:
• Фокусирајте се на себе` си, на личен развој и учење, за да напредувате;
• Гледајте ги можностите за трансформација на работното место, и надвор од него;
• Побарајте помош од менторот во одредени ситуации;
• Побарајте да работите на проекти кои се значајни за вас;
• Стремете се кон позитивни ралации на работното место, и надвор од него;
• Справете се стресот: имајте хоби и поминувајте квалитетно време со фамилијата и пријателите;
• Јадете здрава храна, вежбајте и спијте добро.
Facebook Forum