Линкови за пристапност

Што прави ЦИА во Либија?


Што прави ЦИА во Либија?
Што прави ЦИА во Либија?

Објавени извештаи велат дека ЦИА работи во Либија. Но што прави таму – не е јасно. Администрацијата на Обама вели дека се` уште не решила дали да ги вооружи либиските бунтовници.

Аналитичарите велат дека не е изненадување што ЦИА работи во Либија. Рева Бхала, аналитичар за Блискиот исток за приватна разузнавачка фирма, Стратфор, вели дека собирањето разузнавачки податоци е најбазичната функција на ЦИА.

„Кога имате воена кампања како овааа, ви требаат луѓе на теренот кои ќе ги идентификуваат целите за воздушни напади,и не само за воените аспекти, туку и да се разбере кој е опозиција, со кого имате работа, има ли добри лидери со потенцијал за обединување на оваа многу поделена држава“, вели Бхала.

Според објавени податоци непознат број на офицери на ЦИА, заедно со британски разузнавачи и специјални сили, работат со либиските бунтовници. ЦИА има своја паравоена компонента, позната како Дивизија за специјални активности. Но, што може да прави ЦИА во Либија покрај собирањето на податоци не е јасно.

По сите пресметки, либиските бунтовници се слабо обучени и опремени. Тие имаа некаков напредок, но беа потиснати назад од контранападите на либиската армија. Администрацијата на Обама кажа дека се` уште не решила дали да ги вооружи либиските бунтовници, но јасна кажа дека нема да испрати копнени трупи на САД, преферирајќи да остане на спроведување на зоната на забрането летање.

Кажувајќи го своето лично мислење, поранешен висок офицер на ЦИА Емил Накхлех, вели дека е веројатно ЦИА да обезбедува некаква форма на помош за бунтовниците, особено во смисла на комуникација и организација.

Накхлех верува дека нема ништо што ги запира офицерите на ЦИА да ги обучуваат бунтовниците на оружје што тие го заплениле од силите на Гадафи. Тој смета дека има многу работи што може да се направат да им се помогне на бунтовниците пред тие фактички да ги вооружуваат со американско оружје.

Но, многу аналитичари веруваат дека за бунтовниците да го свртат напливот во нивна корист, ќе треба да имаат софистицирано оружје, како она што им беше дадено на авганистанските бунтовници кога се бореа против советската окупација во 1980-те, и специјализирана обука за негово користење.

Според објавени извештаи во кои се цитираат извори од администрацијата на Обама, претседателот Барак Обама потпишал тајна авторизација, позната како претседателско „наоѓање“, авторизирајќи можно идно обучување и вооружување на бунтовниците.

Но таква програма носи големи ризици. Во 1961, сили обучувани од ЦИА направија неуспешен обид да се спуштат во Заливот на свињите во Куба за да го соборат Фидел Кастро од власт. Тоа било големо понижување за тогашниот нов претседател, Џон Ф. Кенеди.

Во 1980-те, ЦИА заедно со Пакистан, вооружи и обучи анти-советски бунтовници. Бунтовниците, познати како муџахедини, ја избркаа советската армија, но многу од нивните членови потоа го формираа јадрото на Талебан и ал-Каида. И многу од софистицираното оружје што муџахедините го добиле, како фрлачи на проектили земја-воздух, што се носат на рамо, по војната не биле вратени ниту најдени.

Што навистина прави ЦИА во Либија може никогаш целосно да не се дознае, но аналитичарите велат – колку е поголема операцијата, толку е потешко да се чува во тајност.

XS
SM
MD
LG