Ретка трансплантација на грклан му овозможува на пациентот кој имал рак повторно да прозборе.
На маж од Масачусетс му се врати гласот откако хирурзите му го отстранија канцерогениот грклан и со пионерски потег веднаш го заменија со дониран.
Трансплантациите на таканаречената гласовна кутија се исклучително ретки и вообичаено не се опција за луѓе со активен рак. Марти Кедијан е само третото лице во САД на кое било извршено целосна трансплантација на грклан.
Хирурзите од клиниката Мајо во Аризона му понудија на Кедијан трансплантација како дел од новото клиничко испитување чија цел е да се направи операцијата која потенцијално ќе го промени животот на повеќе пациенти, вклучително и некои со рак.
„Сакам луѓето да знаат дека тоа може да се направи. Тоа е процес, но вреди. Во моментов, можете да го слушнете мојот глас, до пред два месеца не можев да зборувам“, рече Марти Кедијан на кого му е трансплантиран грклан.
Facebook Forum