Официјални претставници на американската одбрана ја обвинија кинеската војска дека сака да ги нападнат американските воени сили со моќен ласер додека летаат над источноафриканската земја Џибути.
Бројни извори на разузнавачки информации објавија дека кинеската војска е осомничена за управување со ласерско оружје во или во близина на новата кинеска воена база во Џибути, според неодамнешниот извештај во весникот „Одбраната на Џејн“.
Ваквите претпоставки ја потврдија загриженоста на САД во врска со воспоставувањето на својата прва странска воена инсталација во близина на најголемата американска воена база во Африка и ја истакнаа загриженоста на САД за растечката репутација на Кина како глобална воена сила.
Кина не одговори веднаш на обвинението, но се пожали во минатото за странските воени шпионски авиони што летаа над кинеската база во Џибути, изјавија извори запознаени со ситуацијата.
Војската на САД издаде предупредување до пилотите, што беше објавено минатиот месец на веб-страницата на Федералната администрација за воздушна пловидба, барајќи од нив да бидат „екстремно претпазливи“. Официјални претставници на Пентагон објавија дека имало неколку инциденти во последниве недели, вклучувајќи и еден инцидент за двајца американски воени пилоти кои претрпеле мали повреди на очите, откако биле изложени на ласерски зрак.
Ваквиот проблем можно е да ги зголеми тензиите помеѓу двете земји. Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп има наметнато тарифи за некои кинески производи со можност тие да бидат проширени. Администрацијата, исто така, постави нови ограничувања за извоз на технолошкуи производи на САД во источноазиската земја.
Facebook Forum