Финансиската директорка на кинеската гигантска телекомуникациска компанија Хуавеи Менг Ванжу се соочува со можна екстрадиција во САД, која сега се наоѓа во притвор во Канада.
По налог на САД, Ванжу во саботата беше уапсена на аеродромот во Ванкувер. Обвиненијата против неа се` уште не се јасни.
Канадски медиуми објавуваат дека таа е осомничена за обид да одбегне санкции против Иран, нешто што американски официјални лица се сомневаат за нејзината компанија Хуавеи изминативе две години.
Кина, пак, бара Канада да ја ослободи Менг, која беше притворена истиот ден кога претседателот на САД Доналд Трамп и кинескиот претседател Кси Џинпинг се сретнаа на Самитот Г20 во Аргентина, од каде најавија договор за нивната трговска војна во рок од 90 дена.
Администрацијата на Трамп вели дека не само што Хуавеи и други кенески компании уживаат привилегии на светскиот пазар поради владини грантови, туку и постојат безбедносни закани поради наводно шпионирање.
Facebook Forum