Престолонаследникот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман пристигна во дводневна посета на Кина со цел да го зајакне меѓународниот имиџ кој беше разнишан по убиството на новинарот Џамал Кашоги и да ги зајакне економските врски со Пекинг. Но, на патот за изградба на подобри врски меѓу Саудиска Арабија и Кина има многу политички пречки.
Кина во последните неколку дена се обиде да го увери Иран дека посетата на саудискиот принц нема да влијае врз ставот на Пекинг кон Блискиот Исток. Кинескиот претседател Ши Џинпинг по неодамнешната средбата со претседателот на иранскиот Парламент, Али Лариџани кажа дека решителноста за развој на сеопфатно стратешко партнерство со Иран останува непроменето.
Саудиска Арабија и Иран се во долгогодишна борба за влијание на Блискиот Исток.
Кина треба да најде баланс меѓу Саудиска Арабија која се смета за близок сојузник на САД и Иран, кој отворено го критикува Вашингтон. На Пекинг му треба поддршката од двете муслимански нации заради трговската војна со САД и забавувањето на економија, како и саудиска поддршка за кинеската програмата за инфраструктура која во моментов главно се спроведува во Пакистан.
Взаемна загриженост
Сепак односите на Пекинг и Ријад никогаш не биле едноставни.
Едното прашање е Иран, „другото прашање е порелигиозно и е поврзано со ограничувањата кои им се наметнати на кинеските муслимани во Кина. Не само врз Ујгурите туку и врз етничката групи Хуи во Нингхја“ вели професорот од Баптистичкиот универзитет во Хонг Конг, Жан Пиер Кабестан.
Раководството на Саудиска Арабија води грижа за имиџот во муслиманскиот свет, а поврзувањето со Кина вклучува одредени ризици. Но, Кина исто така има свои грижи заради приближувањето со Саудиска Арабија, како што е саудиската поддршка за вахабизмот.
Ријад додаде и нов елемент во деликатната врска со тоа што најави инвестиции во Пакистан, кој е пример за каде се спроведува престижната инфраструктурана програма на Кина. Принцот Салман објави инвестиција во Пакистан вредна 20 милијарди долари, од кои половина се наменети за изградба на рафинерија за нафта во крајбрежниот град Гвадар во близина каде има кинеско пристаниште, што може да донесе загриженост во Пекинг.
Економски димензии
Саудискиот принц, исто така, понуди да инвестира 100 милијарди долари во различни проекти во Индија. Ова е значајно затоа што Индија не ја усвои кинеската инфраструктурна програма и кинеските инвестиции поврзани со проектот.
Саудиското присуство во инвестициски пазар во Индија ќе ја намали потребата на кинеските пари во Њу Делхи.
Иако политичките аспекти може да предизвикаат проблеми, Кина и Саудиска Арабија се очекува да направат некои важни економски чекори.
Постои обид Саудиска Арабија да се приклучи на кинеската инфраструктурна програмата со цел да ја диверсифицира економијата која е базирана на нафта.
Кина се надева дека ќе добие повеќе нафтени проекти како рафинеријата Јангбу во Саудиска Арабија, додека Ријад сака да привлече кинески инвестиции во градежништвото и туризмот.
Facebook Forum