Линкови за пристапност

Четири обвинителки ќе се грижат за спроведување на правдата при напади врз новинари и медиумски работници


Имињата на новите обвинителки беа соопштени во Клубот на новинарите, по повод 2 Ноември, Светскиот ден за борба против насилството врз новинарите и медиумските работници
Имињата на новите обвинителки беа соопштени во Клубот на новинарите, по повод 2 Ноември, Светскиот ден за борба против насилството врз новинарите и медиумските работници

Искра Хаџи Василева од ОЈО Скопје, Нина Димитриевска од ОЈО Тетово, Ирена Атанасовска од обвинителството од Битола и Татјана Кацарова од ОЈО Штип, се четирите обвинителки кои ќе ги сочинуваат т.н. Контакт точки за поефикасно спроведување на правдата во случај на напади и закани кон новинарите

Јавната обвинителка Нина Димитриевска од Основното јавно обвинителство од Тетово, обвинителката Ирена Атанасовска од обвинителството од Битола и обвинителката Татјана Кацарова од ОЈО Штип. Тоа се обвинителките кои ќе се грижат за брзо и ефикасно спроведување на законските прописи во случаи кога има напади врз новинари и медиумски работници.

Заедно со обвинителката од Искра Хаџи Василева, од Скопското јавно обвинителство, тие ги сочинуваат четирите т.н. Контакт точки за заштита на правата новинарите.

Тоа беше соопштено денеска во Клубот на новинарите на Македонија, а по повод 2 Ноември, светскиот ден за борба против насилството врз новинарите и медиумските работници.

Покрај ОЈО од Скопје, Контакт точки за новинари ќе има и во обвинителствата во Тетово и во Штип
Покрај ОЈО од Скопје, Контакт точки за новинари ќе има и во обвинителствата во Тетово и во Штип

„Обвинителствата во кои ќе бидат назначени вакви обвинители ги договоривме заедно со ЗНМ, а тоа се обвинители од различни апелациски подрачја, со цел да покриеме што поголем дел од територијата на државата. Доаѓаат од градови каде што и бројот на новинари е поголем и каде ризикот од попречување во известувањето е поголем“, рече Билјана Арсовска, портпаролка на Основното јавно обвинителство.

Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски, посочи дека во текот на оваа година во земјава имало најмалку четири напади и обиди за напад врз новинари и сниматели и за кои веќе се водат соодветни правни постапки.

Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ
Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ
Новинарите не се ниту бројки, ниту статистики. Новинарите се огледало на јавноста
Младен Чадиковски

„Новинарите не се ниту бројки, ниту статистики. Новинарите се огледало на јавноста и токму затоа е важно ова што денеска го правиме и кажуваме зошто е важно неказнивоста на насилниците да престане“, рече Чадиковски.

Тој додаде дека сè уште постои т.н. култура на неказнивост на лицата што извршуваат напади или има се закануваат на медиумските работници.

„Тоа мора да се смени бидејќи нашата цел е јавноста, односно јавноста има потреба да биде информирана на начин во којшто новинарите нема да бидат обременети“, рече Чадиковски.

Искра Хаџи Василева, Јавна обвинителка
Искра Хаџи Василева, Јавна обвинителка

Обвинителката од скопското обвинителство, Искра Хаџи Василева, посочи дека назначувањето на нови обвинителки во т.н. Контакт точки, ќе придонесе за зајакнување на новинарската слобода.

Годинава за жал имаме и експлицитни закани по живот кон новинарка
Искра Хаџи Василева, Јавна обвинителка

„Ќе ја зајакне свеста и културата на однесување и кај нас, професионалците, но и во поширок контекст, подигнување на културата на однесување кон медиумските работници и новинарите. Препознавање на нашата обврска и повик да дадеме заштита таму каде што дејствијата претставуваат кривичен деликт“, рече Хаџи Василева.

Обвинителката додаде и дека се забележува пораст на насилството преку онлајн просторот.

„Тоа што мене ме загрижува е онлајн-нападите кон новинарките. Тоа е глобална појава. Годинава за жал имаме и експлицитни закани по живот кон новинарка. Тоа е нешто што загрижува сега, а веројатно и во иднина. Онлајн нападите се проследени и со предизвици за откривање на сторителите“, посочи Хаџи Василева.

Драган Секуловски, ЗНМ
Драган Секуловски, ЗНМ
Ви ветувам дека во иднина ќе ги следиме со постојан мониторинг сите судски рочишта
Драган Секуловски, ЗНМ

Директорот на ЗНМ, Драган Секуловски, пак, најави дека претставници од Здружението во иднина ќе присуствуваат на сите рочишта во кои се брани правото на новинарите.

„Ви ветувам дека во иднина ќе ги следиме со постојан мониторинг сите судски рочишта, со физичко присуство и да цениме дали постапката се однесува во поглед со законот и дали истата постапка или пресуда е во согласност со европските вредности, односно со одлуките на Европскиот суд за човекови права“, истакна Секуловски.

Павле Беловски, Претседател на ССНМ
Павле Беловски, Претседател на ССНМ

На презентацијата на новите Контакт точки во обвинителствата присуствуваше и Павле Беловски, претседател на Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници на Македонија.

„Сите заедно целиме кон едно нешто, а тоа нула напади (врз новинари и медиумски работници) во една календарска година“, посочи Беловски.

Според податоците на Јавното обвинителство, годинава се евидентирани шест предмети поврзани со повреда на безбедноста на новинарите. Во два од тие предмети веќе е изречена пресуда, а за уште два други предмета се очекува судска постапка.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG