Линкови за пристапност

Младен Чадиковски, ЗНМ: Политичките партии да ја намалат тензијата, да не се продуцира насилство во предизборието


Изборната година се ближи, тензиите уште од сега се засилени, но, ќе гледаме и ќе бараме начини заедно и со институциите како оваа тензија да ја доведеме во нормални политички рамки
Изборната година се ближи, тензиите уште од сега се засилени, но, ќе гледаме и ќе бараме начини заедно и со институциите како оваа тензија да ја доведеме во нормални политички рамки

Тоа (насилството врз новинарите) се случува вообичаено по повик на поглаварите, вели Младен Чадиковски, претседателот на Здружението на новинарите на Македонија, одговарајќи на прашање од Гласот на Америка за мерките за превенција од насилство врз медиумските работници во ек на политички избори

Тоа (насилството врз новинарите) се случува вообичаено по некаков, таканаречен, повик на поглаварите, вели Младен Чадиковски, претседателот на Здружението на новинарите на Македонија, одговарајќи на прашање од Гласот на Америка за мерките што се преземаат за превенција од насилство врз медиумските работници во ек на политички избори, а кои треба да се случат во текот на идната година.

Како што истакна Чадиковски, новинарските здруженија деновиве потпишале заедно со Агенцијата за аудио-визуелни медиумски услуги и со Советот за етика, Меморандум со којшто се воспоставува кодексот на однесување во предизборниот период.

Луѓето коишто пишуваат на социјалните мрежи, коишто атакуваат на социјалните мрежи имаат одговорност

„Меморандумот меѓу другото, предвидува дека сите политички партии и политички чинители и сите актери во јавниот живот ќе треба да ја намалат тензијата во својот јавен говор со цел да не се продуцира насилство. Да не се поттикнуваат насилниците, кои, како што рековте, најчесто доаѓаат од партиските редови“, истакна Чадиковски.

Претседателот на ЗНМ, воедно посочи дека во соработка со Министерството за внатрешни работи ќе се бара одговорност и од лицата коишто упатуваат закани и преку социјалните мрежи.

„Луѓето коишто пишуваат на социјалните мрежи, коишто атакуваат на социјалните мрежи имаат одговорност и токму поради тоа со Министерството за внатрешни работи веќе потпишавме, завршивме еден дел од обврските. Имаме протокол со којшто се утврдува како и на кој начин новинарите можат да ги пријавуваат и тие напади, коишто доаѓаат во онлајн просторот“, посочи Чадиковски.

Првиот човек на ЗНМ, воедно додаде дека веќе се видливи тензии во пресрет на идната, изборна, година.

„Превенцијата е веќе почната, изборната година се ближи, тензиите уште од сега се засилени, но, ќе гледаме и ќе бараме начини заедно и со институциите како оваа тензија да ја доведеме во нормални политички рамки, а не до тоа да може да продуцира некаков тип на насилство“, одговори Чадиковски.

XS
SM
MD
LG