Линкови за пристапност

Дали ИСИС е способна за напад со хемиско оружје?


Западните држави внимателно ја следат амбициозната програма на терористичката група

Претставници на западните земји, како и сојузници од Блискиот Исток, се обидуваат да обрнат особено внимание на, она што можно е да се претвори во амбициозна и се` поизразена програма за хемиско оружје на терористичката група Исламска држава.

Францускиот премиер Мануел Валс најновото предупредување го објави во четвртокот, по терористичките напади во Париз, во кои загинаа 129 лица.

„Знаеме и имајте на ум дека постои ризик од хемиско и бактериолошко оружје“, рече Валс пред француските парламентарци. „Не смееме ништо да исклучиме“.

Се` досега, најгласни во однос на загриженоста беа курдските претставници, коишто на неколкупати ги обвинуваа борците на ИСИС дека се обидуваат да дојдат до хемиско оружје од Ирак и Сирија.

„Во Мосул и Рака постојат лаборатории, кадешто интензивно се работи на производство на хемиско оружје“, изјави во интервјуто за Гласот на Америка, Лахур Талабани од Курдистантската регионална владина разузнавачка агенција.

Американските претставници, иако загрижени за агресивните намери на ИСИС да дојде до смртоносно оружје, се попретпазливи за капацитетот на ИСИС да го стори тоа.

„Нема да биде изненадување ако ИСИС излезе со некакво оружје базирано на хлор и тоа користејќи материјал што веќе е на располагање“, за Гласот на Америка изјави претставник за контратероризам на американската Влада. „Притоа, ќе треба да помине многу време меѓу едно такво оружје и реална програма за хемиско оружје“.

Порано месецов, Организацијата за забрана за користење на хемиско оружје, донесе заклучок дека вакво оружје се употребило во борбите во август во Мареа, Сирија, во коишто учествувале борци на ИД.

Американската армија исто така ги истражува тврдењата за наводна употреба на хемиско оружје од страна на Исламската држава против курдските сили во близина на Макмур, на 11-ти август годинава.

Бригадирниот генерал Кевин Килеа подвлече дека САД треба само да ја следат ситуацијата и да ја анализираат заканата, да орнат внимание на неа, со оглед на тоа што таа може или нема да се промени.

XS
SM
MD
LG