Линкови за пристапност

Центарот за управување со кризи апелира: Не чекајте огнот да ве зароби, евакуирајте се навреме


Само денеска во државата гореа триесетина пожари, од кои петнаесетина сè уште се активни. Пожари има кај Свети Николе, Дојран, Куманово, Прилеп, Пробиштип, Македонски Брод, Кочани, Кратово, Гостивар, Неготино, Демир Хисар, Старо Нагоричане
Само денеска во државата гореа триесетина пожари, од кои петнаесетина сè уште се активни. Пожари има кај Свети Николе, Дојран, Куманово, Прилеп, Пробиштип, Македонски Брод, Кочани, Кратово, Гостивар, Неготино, Демир Хисар, Старо Нагоричане

Првиот човек на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, утрово даде предупредување дека палењето стрништа и пасишта има тежина на обид за убиство, поради опасностите по човечките животи од можните пожари.

Доколку забележите дека се доближува пожар, не чекајте да бидете заробени од огнот, евакуирајте се навреме. Тоа го апелира директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов откако веќе речиси еден месец Северна Македонија се соочува со пожари низ различни делови од државата.

„Апелирам до сите лица што живеат во полу напуштените села, итно да се евакуираат доколку слушнат дека активен пожар се наближува кон нивните домови. Доколку е организирана одбрана од страна на локалните власти и пожарникари, тогаш е пожелно да помогнат во гаснењето на огнот“, апелира меѓу другото Ангелов.

Стојанче Ангелов: Палењето стрништа е обид за убиство
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:22 0:00

Директорот на ЦУК, оваа изјава ја даде од Дојран, каде денеска изби пожар од тамошната депонија, при што беа зафатени и неколку домови. Но, според неговото објаснување, објектите немале големи оштетувања.

Доколку е организирана одбрана од страна на локалните власти и пожарникари, тогаш е пожелно да помогнат во гаснењето на огнот
Стојанче Ангелов, ЦУК

Само денеска во државата гореа триесетина пожари, од кои петнаесетина сè уште се активни. Пожари има кај Свети Николе, Дојран, Куманово, Прилеп, Пробиштип, Македонски Брод, Кочани, Кратово, Гостивар, Неготино, Демир Хисар, Старо Нагоричане.

Дел од овие огнови настанале како последица од човечко невнимание, но како што изјави Ангелов, има индикации дека некои од пожарите биле и намерно предизвикани.

Првиот човек на Центарот за управување со кризи утрово и даде предупредување дека палењето стрништа и пасишта има тежина на обид за убиство, поради опасностите по човечките животи од можните пожари. Ова предупредување го насочи особено кон земјоделците.

Палењето стрништа треба да го гледаат како обид за убиство. Огнот може да навлезе во блиската трева, од таму во блиската шума, па во блиско село и таму да убие човек. Палењето пасишта, сточарите исто така треба да го сметаат за обид за убиство. Пожарот од пасиштата може да влезе во квалитетна шума и да убие некој човек“, предупреди Ангелов.

Пожари низ Северна Македонија, јули 2024 (Преземено од Центар за управување со кризи)
Пожари низ Северна Македонија, јули 2024 (Преземено од Центар за управување со кризи)

До сега најмалку едно лице го загуби животот во пожарите што деновиве ја зафатија државата. Се работи за постаро лице во кумановското село Кокошиње, како според Ангелов, настраданиот вдишал густ чад.

Од Центарот за управување со кризи апелираат до граѓаните да не палат огнови на отворено, да не фрлаат стакла во природа, да внимаваат со отпушоците од цигари. Поради сомневањата за намерно предизвикување на дел од пожарите, се апелира да се пријави и секакво сомнително движење или однесување на лица во шумските предели.

XS
SM
MD
LG