Линкови за пристапност

 
Цените за продуктите да ги објавуваат и на интернет - нова задолжителна мерка за трговците

Цените за продуктите да ги објавуваат и на интернет - нова задолжителна мерка за трговците


За десетина дена ланците маркети ќе ги добијат правилниците како треба да изгледаат веб страните со цени на продуктите. Пазарната инспекција е на терен и проверува дали одлуките за ограничување на маржите се почитува.

СКОПЈЕ – Граѓаните ќе може да направат „он-лајн“ проверка на цената на одреден продукт во големите маркети најдоцна до 15 април.

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, соопшти дека измените на Законот за заштита на потрошувачите кои во вторникот беа изгласани во Собранието треба да се објават во Службен весник и потоа почнува да тече законскиот рок од 45 дена до имплементација. Правилниците за начинот како ќе се објавуваат цените ќе бидат објавени и доставени до трговците за десетина дена.

Оваа мерка ќе доведе до зголемување на конкурентноста меѓу трговците и намалување на цените
Бесар Дурмиши, Министер за економија и труд

„Граѓаните сега ќе може да одберат каде ќе ги трошат нивните пари и ќе знаат секој производ во кој маркет по која цена се продава и ќе може да изберат сами. Оваа мерка ќе донесе до зголемување на конкурентноста меѓу трговците и намалување на цените. Потрошувачите ќе бидат целосно информирани“, посочи Дурмиши.

Тој даде и дообјаснување за кого се однесуваат мерките.

„Овој закон се однесува на мали и средни претпријатија и не ги опфаќа микро трговците и трговците поединци односно маалските дуќани“, изјави Дурмиши.

Опфатени 102 групи на производи

Пазарната инспекција е на терен и проверува дали се применуваат мерките за скалесто ограничување на маржата и утврдување на највисоката цена со кои се опфатени 102 групи на производи.

Доколку се утврдени прекршувања предвидените казни се движат од 500 до 10 илјади евра како и затварање на маркетот. Мерките ќе бидат на сила до крајот на месец април а според надлежните очекувањата се за поевтинување до 10 проценти.

Бесар Дурмиши, министер за економија и труд
Бесар Дурмиши, министер за економија и труд

„ДПИ е на терен и постапуваат. До крајот на оваа недела е предвиден надзор на над илјада трговски објекти во државата и ДПИ ќе излезе со податоци за евентуално непочитување на мерките. Ако постојат маркети кои не ја почитуваат одлуката на Владата казните се од 500 до 10 илјади евра и затварање во траење од 15 дена“, соопшти Дурмиши.

40 милиони евра казна доколку се докаже картелското здружување

За случајот со картелското здржување на четири ланци големи маркети и пријавата од Комисијата за заштита од конкуренција (КЗК), Дурмиши смета дека е исправна и дополни дека Комисијата има договор за соработка со Пазарниот инспекторат за да биде поприсутна на теренот.

Дали има нови пријави до и од Комисијата нема информации. Инаку предвидената казна за овие маркети е 10 отсто од вкупниот приход и доколку наводите се потврдат ланците ќе треба да платат над 40 милиони евра казна.

XS
SM
MD
LG