Линкови за пристапност

Американец цел месец шеташе со сопствениот отпад за да ги оттргне луѓето од масовно трошење


Роб Гринфилд, американски активист кој се бори за заштита на животната средина (Courtesy of Rob Greenfield)
Роб Гринфилд, американски активист кој се бори за заштита на животната средина (Courtesy of Rob Greenfield)

Роб Гринфилд е американски активист што се залага заштита на животната средина. Неодамна се нафати на необичен подвиг – живееше како просечен Американец, но сиот свој отпад го носеше со себе. Сето тоа со една цел – да им покаже на луѓето колку непотребно ѓубре создава човекот денес

Цел месец пролетва водеше живот како еден просечен жител на САД, но сиот отпад што го создаваше го носеше со себе. Тоа беше само еден од многуте необични зафати што повеќе една декада ги прави Роб Гринфилд, американски активист кој се бори за заштита на животната средина.

„Еден месец живеев како просечна личност. Јадев, купував, консумирав исто како и секој секој друг. Но, морав секое парче сопствен отпад да го носам со себе. Причината е што за повеќето од нас отпадот е далеку од очите, далеку од умот. Го фрламе во канта за отпадоци и никогаш повеќе не размислуваме за тоа.

Американец цел месец го шеташе сопствениот отпад за да ги оттргне луѓето од консумеризам
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:50 0:00

Сакав да направам нешто видливо што ќе им покаже на луѓето колку отпад се создава. И човек сам себе да се праша: - Дали создавам толку отпад? Дали така би изгледал и мојот отпад? И да се креира критичка мисла што ќе инспирира позитивна промена“.

Во текот на едномесечниот зафат, Гринфилд на себе собрал околу 35 килограми отпад.

„Во мојот нормален живот, речиси воопшто не создавам отпад. Но, во во текот на тој месец се препуштив на консумеризмот, живеејќи како што луѓето се навикнати. Тоа што го креирав беше визуелна авторефлексија за да ја видат другите луѓе“.

Rob Greenfield, American activist and humanitarian
Rob Greenfield, American activist and humanitarian

Со своите лични контејнери, Гринфилд во текот на пролетта се појавуваше на јавни настани во САД, а доби и прекар „Ѓубреџија“. Целта му била јасна – поттикнување на луѓето да ја надраснат потрошувачката опсесија со која масовно се создава отпад.

„Ги охрабрувам луѓето да се ослободат од консумеризмот и од капитализмот. Еден од начините за тоа да го направиме е да се свртиме кон себе си. Доколку сме исполнети во себе и доколку сфатиме дека немаме потреба од сите тие работи, можеме едноставно да се ослободиме од сето тоа.

Голем удел во тоа има и поврзувањето со заедницата. Што можеме да споделиме со другите? Што можеме да споделиме со соседите, со нашите пријатели и нашето семејство? Ако почнеме да го правиме тоа, наместо индивидуалистичката идеја дека имаме потреба од сè, тогаш ќе можеме да го растресеме овој концепт за потребата од толку многу работи. Друго што можеме да направиме е да купуваме користени работи наместо нови. Да користиме квалитетни работи што траат, наместо евтини што се расипуваат“.

Гринфилд дава и практични совети за еколошко живеење.

„Можеме да употребуваме повеќенаменски предмети како чаши за кафе, шишиња за вода, садови за носење за да се намали количината од пакувања и пластика што ја создаваме. Исто така, можеме да одгледуваме сопствена храна. Да ги поддржиме локалните фармери, да купуваме од пазар. Тоа се некои од работите што можеме да ги направиме за да се ослободиме од консумеризмот и да ги вратиме нештата во сопствени раце и во сопствените заедници“.

Гласот на Америка: Но, дали една личност е доволна да ја направи промената? Каде се владите, каде се компаниите?

„Верувам дека, за да го смениме нашето општество, потребна ни е и индивидуална и системска промена. Треба да ги опфати владите, да ги опфати корпорациите и да нè опфати, нас, луѓето да го смениме системот. Но, не верувам дека владите и корпорациите нешто ќе направат додека ние не го побараме тоа, и не само да побараме, туку и да го живееме другиот начин, и да покажеме дека е возможен“.

Поголемиот дел од проектот се случуваше низ Лос Анџелес, град за кој Гринфилд вели дека е центар на консумеризмот. Но, верува дека пораката треба да се прошири и глобално.

„Земјата некогаш изгледаше за бескрајно голем простор но, сега сфаќаме дека е прилично мала и дека треба да работиме заедно како глобално човештво, бидејќи, тоа што се случува овде на Земјата, е веќе сечиј проблем. Затоа, треба да работиме заедно, да ги решиме овие проблеми. И да прифатиме дека тука сме заедно, како едно семејство, како еден тим“.

Планираните триесет дена од зафатот со отпадот завршија, но Гринфилд вели дека нема да застане. Решен е да ја шири пораката за нула отпад и да ги поттикне луѓето на промени кон поздрава животна средина.

„Не можеме да го исчистиме целото ѓубре од океаните, но можеме да придонесеме нашата заедница да ја направиме пријатно место за нас самите и за идните генерации. Никој од нас не може сам да ги реши светските проблеми. Но, тоа што можеме да го направиме е да го подобриме квалитетот на животот на луѓето, на растенијата и на животните околу нас.

Тоа е нешто на коешто можеме да бидеме горди. Се надевам дека после ова би почнале да размислувате за позитивните работи што би можеле да ги направите за вашиот живот да биде поубав и за животот на другите луѓе на планетава да стане попријатен“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG