Линкови за пристапност

Зошто Каталонија сака да се отцепи?


Каталонија е една од 17-те автономни области на Шпанија, но како дом на вториот по големина град во земјата и 20 отсто од нејзиното економско производство, регионот има особена важност, додека нејзините лидери се залагаат за независност

Историја на сепаратизам

- Историјата на сепаратистичките движења во Каталонија се протега неколку векови наназад, вклучувајќи ја и одлуката од 1640-та година за усогласување со соседна Франција.

- Неодамна, во потег отфрлен од шпанската влада, гласачите во Каталонија ги одобрија референдумите за независност во 2014-та година, како и претходно месецов, додека во 2015-та, пратениците го одобрија планот за отцепување.

- Движењето за независност изминатата деценија добиваше на интензитет, додека Шпанија минуваше низ економска криза, но анкетите во регионот покажуваат поддршка за самостојно владеење, додека економијата се подобрува. Огромно мнозинство од оние што гласаа на последниот референдум, избраа за независност, иако помалку од половината гласачи гласаа, а анкетите покажуваат дека повеќето Каталонци всушност сакаат да останат во Шпанија.

Туризмот – клучен за економијата во регионот

- Со медитеранскиот брег и историскиот град Барселона, туризмот е клучен дел на економијата во регионот. Минатата година регионот го посетиле околу 18 милиони странски туристи.

- Еден на секои седум жители на Шпанија живее во Каталонија, која функционира како автономна област уште од 1979-та година. Таа структура вклучува свој претседател и парламент.

Богата културна историја

- Најновата верзија на официјалното Соопштение за автономија, издадено во 2006-та, ја истакнува Каталонија како заедница „заснована на почитување на индивидуалното достоинство“.

- „Граѓанската и асоцијативната традиција на Каталонија секогаш ја истакнуваат важноста на каталонскиот јазик и култура, правата и должностите, знаењето, образованието, социјалната кохезија, одржливиот развој и еднаквоста на правата, а денес, особено еднаквост меѓу мажите и жените“, се вели во преамбулата.

Економски двигател

- Регионот е еден од најбогатите во Шпанија, а минатата година на него отпаѓа една четвртина од извозот.

- Постои голем земјоделски сектор, како и автомобилска индустрија којашто вклучува фабрики кои произведуваат автомобили за Нисан, а тука е и филијалата на Фолксваген.

- Каталонија воедно е и дом на голем дел од фармацевтската индустрија на Шпанија, со седишта на големите производители на лекови, биотехнолошки компании, производителите на медицински помагала и истражувачки институции.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG