Линкови за пристапност

Картер: Америка ќе остане посветена на Авганистан


Картер отпатува во Авганистан да им се заблагодари на американските војници за нивната служба кон државата

Американскиот секретар за одбрана Ештон Картер изјави дека „Америка е, и ќе остане посветена на безбедноста и суверенитетот на Авганистан“.

Картер ова го изјави во Кабул, на заедничка прес конференција со претседателот Ашраф Гани, целејќи на прашањата како избраниот претседател Доналд Трамп ќе се справи со 15-годишната војна.

Трамп досега не зборуваше многу за надворешната политика, и конкретно војната во Авганистан не беше често спменувана во дискусијата за време на претседателската кампања.

Трамп и Гани минатата недела, преку телефон, разговараа за „терористичките закани за двете држави“, според објавената изјава од транзициониот тим.

Картер отпатува во Авганистан да им се заблагодари и на американските војници за нивната служба кон државата.

Тој треба да се сретне со високи официјални лица на Авганистан, а во план е да разговара за напорите на НАТО и на САД во поддршка на авганистанските безбедносни сили.

XS
SM
MD
LG