Фолксваген соопшти дека ќе повлече 8,5 милиони возила во Европа, како резултат на скандалот со манипулираниот софтвер за издувни гасови.
Чекорот беше поттикнат од Германскиот автомобилски регулатор КБА, којшто претходно нареди компанијата да повлече 2,4 милиони возила од истата причина.
Германските медиуми соопштија дека КБА ја отфрлила сугестијата на Фолксваген дека сопствениците на возила ќе можат доброволно да ги донесат автомобилите за поправки.
Компанијата предизвика критика заради тоа што бавно реагирала по обелоденувањето на скандалот што се случи минатиот месец кога американските власти соопштија дека го откриле проблемот.
САД велат дека по скандалот со манипулираниот софтвер за издувни гасови, компанијата е соочена со 18 милијарди долари казна.