Продавници за продажба на марихуана се отворени во Канада во средата, откако продажбата и рекреативната употреба на канабисот за прв пат стана легална во оваа држава.
„Ова е историски ден. Канада е прва земја во групата Г7 која го легализира немедицинскиот канабис и втора земја во светот по Уругвај“, вели менаџерот на Асоцијацијата за канабис на Канада, Алан Брунет.
Канадскиот закон за канабис го исполнува предизборното ветување на премиерот Џастин Трудо за укинување на 95-годишната забрана.
И покрај надежите на владата, не се очекува црниот пазар да исчезне преку ноќ. Канадските медиуми известуваат дека според Одделот за правда ќе бидат потребни четири години за целосно згаснување на црниот пазар.
Опозициските партии ја обвинија владата за брза легализација, велејќи дека општините, полицијата и лекарите се борат со здравствените и правните импликации од легализацијата.
Минималната возраст за користење на марихуана е 18 години, но повеќето провинции границата ја поставија на 19.
Facebook Forum