Линкови за пристапност

Обама и Ромни продолжуваат со кампањата по пауза за 11 септември


Нападите на две дипломатски позиции на Блискиот исток најверојатно ќе бидат голема тема кога американскиот претседател Барак Обама и републиканскиот предизвикувач Мит Ромни ќе се вратат на кампањата.

Мит Ромни даде изјава доцна во вторникот изразувајќи вознемиреност во врска со нападите на американската амбасада во египетскиот главен град Каиро и американскиот конзулат во Бенгази, Либија. Тој исто така кажа дека првичната реакција на администрацијата на Обама била „срамна“, велејќи дека претседателот симпатизирал со оние кои ги извеле нападите наместо да ги осудат.

Изјавата на Ромни очигледно се однесува на соопштението издадено од американската амбасада во Каиро во кое се осудуваат напорите на „заведени поединци за навреда на верските чувства на Муслиманите“. Соопштението на амбасадата било дадено пред веста за смрт ан американски официјален претставник во Либија, кој подоцна е идентификуван како американски амбасадор во Либија Џеј Кристофер Стивенс.

Одговарајќи на соопштението на Ромни, портпаролот на кампањата на Обама Бен ЛаБолт кажа дека бил „шокиран“ што републиканскиот претседателски кандидат решил да „лансира политички напад“ во време кога САД се „конфронтирани со трагична смрт на наши дипломатски службеници во Либија“.

Двајцата претседателски кандидати направија пауза во медиумски напади и негативни коментари во вторникот во израз на почит за жртвите на терористичките напади од 11 септември.

Обама патува за Лас Вегас, во Невада, додека Ромни ќе биде во Флорида каде неговата сопруга Ен ќе води кампања близу Тампа. Поранешниот претседател на САД Бил Клинтон ќе биде во Флорида, водејќи кампања за Обама во Орландо.
XS
SM
MD
LG