Линкови за пристапност

Не се соопштува причината за смртта на Берт Рејнолдс


Актерот, познат по неговите заводнички мустаќи, беше секс легенда во седумдесетите години

Почина американскиот актер Бeрт Рејнолдс, кој половина век беше на холивудската сцена. Имаше 82 години.

Неговиот менаџер изјави дека Рејнолдс починал во Јупитер, Флорида, без да ја соопшти причината за неговата смрт.

Згодниот актер, кој беше познат по неговите заводнички мустаќи, беше холивудска икона и секс легенда во седумдесетите години.

Се прослави со филмот „Ослободување“ од 1972-та година, во кој четворица пријатели одат во трагична авантура со кајаци во рурална Џорџија.

Рејнолдс се појави во новиот филм на Квентин Тарантино „Беше еднаш во Холивуд“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG