Линкови за пристапност

Бугарија в недела одржува седми избори во последните четири години


Поранешниот бугарски премиер Кирил Петков присуствува на изборен состанок, пред предвремените избори на 27 октомври, во Софија, Бугарија
Поранешниот бугарски премиер Кирил Петков присуствува на изборен состанок, пред предвремените избори на 27 октомври, во Софија, Бугарија

Бугарите ќе излезат на гласање в недела на седмите предвремени избори во последните четири години, додека политичките партии во земјата се борат да формираат стабилна коалиција, а гласачите стануваат сè поапатични за исходот.

Бугарија, најсиромашната членка на Европската Унија и една од нејзините најкорумпирани држави, не може да формира стабилна влада по протестите против во 2020 година, кои помогнаа да се собори коалицијата предводена од централно-десничарската партија ГЕРБ.

Последните анкети објавени денес сугерираат исто - нема јасен победник и нема очигледни опции за значајна коалиција.

Одѕивот на гласачите, околу 30%, се очекува да биде најнизок од падот на комунизмот. Гласањето ќе заврши во 8 часот локално време, со излезни анкети кои треба да се одржат околу тоа време.

Конечните резултати се очекуваат во рок од неколку дена.

Без политичко партнерство или ненадејно појавување на обединувачки лидер, повеќето аналитичари очекуваат дека земјата ќе се врати пред гласачките кутии на почетокот на следната година.

„Постои длабока криза на политичкиот систем“, рече Огњан Минчев, професор по политички науки на Универзитеот Софија.

Нефункционалноста е загрижувачка за Бугарија, балканска земја со 6,4 милиони жители која граничи со Црното Море.

Нејзиното пристапување во ЕУ во 2007 година воведе период на оптимизам обележан со пораст на животниот стандард и брз економски раст.

Но, глобалната финансиска криза, ковид и војната во Украина ги намалија странските инвестиции.

Сега има очајна потреба од период на стабилна влада за да го забрза протокот на средства од ЕУ во нејзината инфраструктура и да ја поттикне кон приклучување кон еврото.

Претседателот Румен Радев ѝ даде мандат на ГЕРБ да формира влада по последните избори во јуни, на кои партијата освои најмногу гласови и обезбеди 68 места во парламентот од 240 места.

Но, не успеа да формира мнозинска коалиција.

Тогаш на другите партии им беше понуден мандатот, но, исто така, не успеаја, што ги поттикна овие избори.

Анкетата објавена денес од „Алфа Рисрч“ покажа дека ГЕРБ води со 26,5 отсто од гласовите. Реформистичката партија Продолжуваме со промените има 14,9 отсто, а ултранационалистичката проруска партија Преродба има 14,2 отсто.

Поделбата во партијата Движење за права и слободи, која главно го претставува големото турско малцинство во Бугарија и создаде солиден гласачки блок на неодамнешните избори, го отежна градењето на коалицијата, велат аналитичарите.

Одѕивот се очекува да биде помеѓу 30% и 32%, покажаа податоците на „Алфа Рисрч“.

Тоа е пад од повеќе од 75% во 1990-тите и околу 50% пред само три години.

Многу луѓе со кои Ројтерс разговараше немаат намера да гласаат. Но, некои тоа го гледаат како единствен излез од политичката јама.

„Решив да гласам затоа што се надевам дека конечно ќе имаме редовна влада“, изјави софискиот агент за недвижности Стилијан Тодоров. „Но, тие надежи можеби досега потонале“.

XS
SM
MD
LG