Линкови за пристапност

Обама и Конгресот започнуваат пост-изборни преговори за буџетот


Претседателот бара зголемување на даноците за богатите Американци, на што републиканците се противат.

Со претседателската кампања 2012 сега историја, ново-реизбраниот претседател Барак Обама го насочува вниманието на преговорите со конгресните лидери за договор за справување со масивниот државен долг.

Белата куќа вели дека Обама му телефонирал на републиканскиот спикер на Претставничкиот дом Џон Бејнер во средата, на денот по неговата изборна победа, да започнат дискусии по договорот да се избегне пакетот на автоматски буџетски скратувања, што треба да влезе во сила на крајот на годината. Економистите предупредуваат дека пакетот, познат како „фискален гребен“, може да ја турне американската економија назад во рецесија.

Претседателот бара нови приходи преку зголемување на даноците за богатите Американци кои заработуваат над 250 илјади долари годишно, на што Бејнер и неговите републикански колеги силно се противат. Но, спикерот на Претставничкиот дом на новинарите во среда им кажа дека не е против некоја форма на нови владини приходи, се` додека тоа вклучува промени на програмите како Социјално осигурување и Медикер.

Разговорите меѓу претседателот и Бејнер на таканаречената „голема зделка“ во врска со долготраен буџетски договор, во 2011 пропаднаа.
XS
SM
MD
LG