Линкови за пристапност

Буџетот на Трамп укинува многу социјални програми


Претседателскиот буџет е само нацрт што посочува на приоритетите на администрацијата; Kонечната верзија треба да биде одобрена од Конгресот

Претседателот на САД Доналд Трамп предлага балансирање на федералниот буџет во наредните десет години, преку намалување на многу социјални програми, вклучувајќи ги и оние за помош на сиромашните при здравственото осигурување и купување храна, таканаречени бонови за храна и Медикејд.

Официјални лица подвлекоа некои детали од предложениот прв буџетски план на претседателот, пред неговото официјално објавување денес.

Буџетот треба да биде одобрен од Конгресот, така што конечниот формат најчесто е доста различен од оној што го испраќа претседателот.

Демократите се спротивставија на повеќе од плановите на Трамп, додека републиканците се поделени за некои од буџетските прашања.

Буџетот на Трамп предвидува 3.6 трилиони долари да бидат скратени во наредните десет години. Најголемиот дел од кратењата, или 800 билиони долари, се од програмата Медикејд, што произлегува од претпоставеното укинување на Законот за здравствена заштита на претходниот претседател Барак Обама или Обамакеар, други реформи, како и намалување на 191 билиони долари трошоци од програмата за бонови за храна, која моментално ја користат повеќе од 40 милиони луѓе.

Предвидени се кратења и на студентските заеми и на програмите за пензионирање на федералните вработени, додека средствата за одбраната се зголемуваат.

Буџетскиот предлог е во согласнот со ветувањата на Трамп во текот на претседателската кампања, да не се кратат социјалното осигурување и владината стара пензиска програма или Медикеар, која им помага на старите лица да ги покриваат трошоците за доктори, болници и за лекови.

Критичарите на буџетот на Трамп, вклучувајќи ја и групата „Кампања да се среди долгот“, вели дека овие популарни и скапи програми ќе покријат само половина од владините трошоци во наредните десет години

Критичарите велат дека е тешко да се избалансира буџетот без да се коригираат трошоците за социјалното осигурување и Медикеар.

Додаваат дека официјални лица од админситрацијата го базирале буџетот на „нереални и оптимистички проекции за економски раст“.

Буџетските проекции на Белата куќа се засноваат на предвидувањата дека економската политика на претседателот ќе доведе до економски раст од три проценти на годишно ниво, во споредба со сегашните два процента.

„Се поттикнуваат даночните реформи, регулаторната политика, трговијата, енергијата, инграструктурата и нашите владини приоритети. Се` е во насока за враќање на економскиот раст од три проценти“, изјави буџетскиот директор на Белата куќа Мик Мулвени.

Буџетскиот предлог вклучува 2.6 билиони долари за гранична безбедност, од кои 1.6 билиони долари се наменети за изградбата на ѕидот на границата меѓу САД и Мексико.

Мулвени нагласи дека буџетот предвидува промени и во грантовите за странска воена помош, нагласувајќи дека Израел и Египет, кои се најголеми корисници на тие средства, не се меѓу засегнатите држави.

Тој вели дека предлогот на Трамп е само предлог, но, претставува порака до Конгресот за буџетските приоритети на претседателот, насочени кон одбраната, граничната безбедност и изборот на образование.

„Дали очекувам да бидат прифатиени измените 100 проценти? Апсолутно не. Дали очекувам да се соработува со администрацијата и да се најдат заеднички гледишта? Апсолутно“, рече Мулвени.

Демократската лидерка во Претставничкиот дом Ненси Пелоси изјави дека предлогот на Трамп треба да биде насочен кон инвестиции за отворање работни места, образование, чиста енергија и медицински истражувања.

„Буџетот е одраз на вредности. Со овој буџет, вредностите на претседателот Трамп и на републиканците во Конгресот се јасни: да ја ризикуваат иднината на вредните американски фамилии“, изјави Пелоси, на нејзината веб страница.

Џен Шаковски, демократка од Илиноис, го нарече буџетскиот план „колекција на пропаднати ветувања за американскиот народ“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG