Американскиот државен секретар Џон Кери денес се сретна со белгискиот премиер Шарл Мишел да му изрази сочувство за терористичките напади од вторникот и да понуди американска поддршка во истрагата на Белгија и идните контратерористички напори.
Прво на англиски, па на француски и потоа на флемишки, Кери кажа – Ние сме Брисел, модифирајќи ја фразата популаризирана по нападите во Париз врз канцелариите на магазинот Чарли Ебдо, и користена за изразување солидарност со жртвите на терористичките напади.
Шефот на американската дипломатија додаде дека меѓународната заедница нема да биде заплашена и одвратена. „Меѓунардоната заедница ќе работи се` додека не ги елиминираме вашите нихилистички (негирачки) убедувања и вашиот кукавичлук“.
Во меѓувреме, американски претставник соопшти дека двајца Американци се меѓу жртвите од нападите во Брисел во вторникот.