Линкови за пристапност

Бројот на егзекуции во Иран зголемен за 75 отсто во споредба со лани, покажа нов извештај


Групите за човекови права велат дека Иран ја користи смртната казна како начин да ги заплаши и угнетува луѓето за да ја одржи власта
Групите за човекови права велат дека Иран ја користи смртната казна како начин да ги заплаши и угнетува луѓето за да ја одржи власта

Две групи за човекови права во извештај објавен денес рекоа дека Иран минатата година егзекутирал најмалку 582 затвореници, што е највисоко ниво во земјата од 2015 година.

„Иран за човекови права“ со седиште во Норвешка и „Заедно против смртната казна“ со седиште во Париз соопштија дека бројот на егзекуции е зголемен за 75 отсто во споредба со претходната година.

Групите во својот извештај рекоа дека Иран ја користи смртната казна како начин да ги заплаши и угнетува луѓето за да ја одржи власта.

Во извештајот се вели дека околу половина од егзекуциите биле за обвиненија за убиство.

Цитирајќи ги протестите што започнаа во септември по смртта во полициски притвор на Махса Амини, групите рекоа дека четворица демонстранти се егзекутирани и оти 100 други „и понатаму се изложени на ризик од обвиненија за смртна казна, казни и егзекуција“.

XS
SM
MD
LG