Линкови за пристапност

Британците денеска гласаат на парламентарни избори


Гласачите во Велика Британија денеска гласаат на предвремени парламентарни избори кои може да ја донесат долгоочекуваната разрешница за излегување од Европската унија одобрена на референдумот во 2016 година.

Премиерот Борис Џонсон рече дека парламентарното мнозинство на неговата Конзервативна партија ќе му овозможи да изврши притисок за претходно отфрлениот договор за излез од ЕУ и да го спроведе Брегзит до 31 јануари.

Неговиот противкандидат, лидерот на Лабуристичката партија, Џереми Корбин, рече дека ако победи Велика Британија ќе одржи нов референдум на кој Британците ќе можат да се изјаснат дали сè уште сакаат да ја напуштат Европската унија или не.

Официјалните резултати од изборите се очекуваат рано во петок.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG