Линкови за пристапност

Студија најде минимална корист од скенирање за рак на дојка

Нова студија за ефективноста на мамографија со рентгенски зраци, што се користи при скенирање за рак на дојка кај жените, најде дека мамограмите резултирале во мал процент намалување на смртноста од болеста.

Студијата опфатила околу 40 илјади норвешки жени, на возраст меѓу 50 и 69 години, кои беа дел од програмата за скенирање на рак на дојка. Како дополнение на нивното учество во програмата, жените биле подложени на мамографија секои две години, меѓу 1996 и 2005.

Нивните резултати биле споредени со жени во други држави кои исто така биле дел од програма за менаџмент и едукација за рак на дојка, но немале мамограми.

Истражувачите нашле дека групата подложена на мамографија имале само десет проценти намален ризик од смрт од рак на дојка споредено со жените кои не биле на рентгенско снимање.

Марвин Зелен е од харвардската Школа за јавно здравје во Бостон и ко-автор на студијата.

„Нашите наоѓања се контроверзни бидејќи најголем број од лекарите и истражувачите веруваа дека намалувањето на морталитетот од рак на дојка би бил многу поголем. И ние самите бевме изненадени“.

Зелен вели дека не е јасно зошто мамограмите не се поефикасни во намалување на стапката на смртност од рак на дојка во текот на десетгодишен период.

„Но, се разбира има напредок во третманот во овој временски период, што може да се смета за причина за намалување на морталитетот, а може и населението да е почувствително за аномалии што се случуваат во градата“.

Наоѓањата веројатно ќе додадат масло на огнот што започна минатата година, кога независна истражувачка група во САД, наречена Работна група за превентивни услуги во САД, препорача да не се прави рутинско скенирање за жени почнувајќи од 40-та година.

Наместо тоа, телото препорача рутинското скенирање да почне на 50 години, кога жените се во значително поголем ризик од развивање на болеста.

Критичарите на овој панел тврдеа дека охрабрување на жените да чекаат до 50 години за рутински мамограми може да резултира во непотребни смртни случаи и поголем број неоткриени случаи на болеста.

Зелен признава дека норвешката студија може сега да покрене прашање во САД за користа од скенирањето за рак на дојка кај жени во педесети години на животот. Но тој вели дека студијата не била целосно наменета за проценка на користа само од мамографијата.

„Ние ја евалуиравме програмата за намалување на морталитетот во Норвешка. Така, ако голем број жени не учествуваа во програмата, тоа немаше да биде добра програма, иако дијагностичкиот морталитет би бил многу добар. Околу 77 проценти од жените кои беа поканети да учествуваат во програмата, прифатија“.

Написот за ефективноста на мамограмите за спречување на смрт од рак на дојка во Норвешка е објавен Журналот за медицина на Нова Англија.

XS
SM
MD
LG