Линкови за пристапност

БП во нов обид да го спречи излевањето на нафта


Компанијата најавува долгорочна грижа за опоравување на регионот погоден од еколошката катастрофа.

Нафтениот гигант Бритиш петролеум (БП) најави дека наскоро ќе се знае дали последниот обид за запирање на големото нафтено излевање во Мексиканскиот Залив било успешно.

Извршниот директор на БП Тони Хејвард кажа дека по пресекувањето на подводната цевка од која истекува нафтата, компанијата планира да спушти направа што треба да ја пренасочи нафтата кон танкер на површината.

Хавард кажа и дека БП ќе остане во регионот долго време откако ќе си заминат новинарите и екипите што помагаат во расчистувањето и вети дека ќе ја врати ситуацијата во нормала за флората, фауната и жителите на регионот, односно дека ќе остане таму се` додека задачата не биде целосно извршена.

Американскиот претседател Барак Обама во петок ќе го посети подрачјето и ќе изврши проценка на напорите за запирање на нафтеното излевање што трае уште од експлозијата на нафтена платформа на БП пред шест недели, при што загинаа 11 лица.

XS
SM
MD
LG