Полицијата во североисточната држава Масачусетс е во средиште на масовна потрага по еден од осомничените во бомбашкиот напад на Бостонскиот маратон, откако го убила другиот осомничен доцна во четвртокот. Американските медиуми известуваат дека осомничените се браќа од чеченско потекло.
Властите велат дека осомничениот „со бела капа“, познат како Осомничен Број 2, е идентификуван како 19-годишен Џохар Царнајев од Кембриџ, во Масачусетс, град во близина на Бостон. Тој е на слобода и полицијата предупредува дека е „вооружен и опасен“. На жителите на Вотертаун, на околу 8 километри од Бостон, им е сугерирано да седат внатре во нивните домови и да не отвараат на никого освен на полицаец. Полицијата оди од врата до врата во потрага по бегалецот.
Известувачката на Гласот на Америка Керолин Пресути беше близу сцената и полициската операција ја опиша како екстензивна.
Во настан без преседан, локалниот јавен превоз е суспендиран, сите училишта и универзитети затворени, бизнисите затворени. Не е дозволено возила да излегуваат или влегуваат во Вотертаун. Автобуси евакуираат граѓани од областа.
Се јавува дека двајцата осомничени биле ангажирани во фатално пукање на Институтот за технологија на Масачусетс доцна синоќа при што е убиен полицаец од обезбедувањето, пред да украдат автомобил од кој фрлиле експлозив на полицијата што ги бркала.
Официјални лица велат дека Осомничениот Број 1 бил фатално погоден во судир со полицијата и починал во болница.