Линкови за пристапност

Над 2000 учесници на првата парада на гордоста во Босна


Повеќе од 2.000 луѓе, вклучувајќи ги и американскиот амбасадор и неколку други западни дипломати, маршираа во Сараево во неделата на првата парада на гордоста во Босна.

На маршот имаше речиси исто толку припадници на полицијата и други безбедносни сили колку што имаше учесници, откако конзервативните муслимани и други религиозни групи побараа маршот да биде откажан.

Учесниците го вееја универзалното знаме со боите на виножитото и извикуваа пароли.

„Многу е важно (ЛГБТ) заедницата да биде видлива. Тие се тука. Тука живеат. Еден ваков ден е многу редок. Прекрасен ден. Ова е мирен протест“, рече американскиот амбасадор во Босна, Ерик Нелсон.

„Ако немаше омраза, ако нашите животи не беа во опасност, јас не би бил тука денес заедно со вас, да ги истакнам нашата сексуална ориентација и родовиот идентитет“, рече Лејла Хуремовиќ, организаторка на парадата.

Додека босанската влада ја забранува дискриминацијата врз основа на сексуална ориентација, истополовите бракови и посвојувањето, сè уште не се формално дозволени.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG