Линкови за пристапност

Директорот на разузнавањето на САД даде оставка


Директорот на американското национално разузнавање Денис Блер си даде оставка што станува ефективна на 28 мај

Директорот на американското Национално разузнавање, Денис Блер, си даде оставка, што станува ефективна на 28 мај.

Блер во четвртокот издаде соопштение во кое вели дека утрото го информирал претседателот Барак Обама за одлуката „со длабоко жалење“. Блер кажа дека било чест да ја води разузнавачката заедница.

Претседателот исто така издаде соопштение во кое меѓу другото стои дека за време на мандатот на директорот, разузнавањето работело одлично во време на големи предизвици за националната безбедност.

Блер на функцијата координираше 16 разузнавачки агенции.

Тој стана фокус на критика во администрацијата и во Конгресот заради потфрлања на разузнавањето и координацијата на споделување на информациите меѓу американските агенции. Неколку кандидати веќе биле интервјуирани за позицијата, велат владини претставници.

XS
SM
MD
LG