Високи американски дипломати побарале од украинскиот претседател Володимир Зеленски да отвори истрага на барање на претседателот Доналд Трамп за неговиот политички ривал Џо Бајден и неговиот син, се вели во пораки кои вчера беа објавени од конгресните истражители на Претставничкиот дом.
Пораките беа објавени по речиси десет часа сведочење на поранешниот специјален претставник во Украина Курт Вокер.
Пораките откриваат разговор меѓу Вокер и двајца други американски дипломати за тоа како да постапат со барањата на Трамп за истрага за Бајден и неговиот син Хантер.
Еден разговор покажува како Вокер му пишува на највисокиот соработник на Зеленски, ветувајќи патување во Вашингтон на новоизбраниот претседател во замена за истрага.
Трамп инсистирал Зеленски да отвори истрага за време на телефонскиот разговор на 25 јули, што поттикна истрага за негов импичмент.
Претседателот го обвини Бајден за злоупотреба на неговата моќ, преку барање Украина да се повлече од кривична истрага на неговиот син Хантер.
Претседателот и неговите соработници не обезбедија никакви докази да покажат дека Бајден бил вклучен во нелегална активност.
Поранешниот потпретседател Бајден, пак, цврсто ја одбрани неговата репутација.
Facebook Forum