Линкови за пристапност

Џо Бајден повторно апелира до Американците да се вакцинираат


„Не ме сфаќај погрешно – вирусот не е победен“, рече Бајден. „Сите знаеме дека се појавија моќни варијанти. Но, најдобрата одбрана од овие варијанти е да се вакцинирате

Откако неговата администрација не ја постигна целта за вакцинирање на Денот на независноста, американскиот претседател Џо Бајден денес повторно ќе апелира до Американците кое не се вакцинирале да го направат тоа за да се заштитат себе си и другите од коронавирусот, особено од најновата делта варијанта.

Бајден треба да даде забелешки во Белата куќа во врска со одговорот на ковид 19 и програмата за вакцинација, бидејќи се зголемува загриженоста за делта варијантата на ширење на вирусот низ целата земја.

Администрацијата на Бајден имаше за цел 70 отсто од возрасните Американци барем делумно да се вакцинираат до 4-ти јули. Центрите за контрола и заштита на болести на САД во петокот изјавија дека, 67 отсто примиле една доза на вакцина или 47 отсто примиле две дози.

Претседателот прогласи делумна победа за време на прославата на Денот на независноста во неделата вечер од Белата куќа.

„Ние повторно можеме да патуваме. Повторно се гледаме. Бизнисите се отвораат и вработуваат повторно“, им рече Бајден на присутните за време на 15-минутниот говор во кој тој изјави дека се гледа крајот на пандемијата. „Денес, низ целата нација можеме со сигурност да кажеме: Америка се враќа заедно“.

Претседателот предупреди, сепак, битката против вирусот - кој уби повеќе од 600 илјади Американци, сè уште не е завршена.

„Не ме сфаќај погрешно – вирусот не е победен“, рече Бајден. „Сите знаеме дека се појавија моќни варијанти. Но, најдобрата одбрана од овие варијанти е да се вакцинирате.

Добивањето вакцина, рече претседателот, е „најпатриотското“ нешто што може да се направи.

Постои силен регионален контраст во стапките на вакцинација. На североисток, повеќе од половина од возрасните се целосно вакцинирани.

Спротивно на тоа, јужните држави имаат слаби перформанси. Во Алабама, Арканзас, Луизијана и Мисисипи, околу 35 отсто од возрасните добиле целосни дози.

Постои и политичка поделба.

Само 45 отсто од републиканците ја примиле својата прва доза, според анкетата на Вашингтон пост и Еј Би Си Њуз.

Оние кои се двоумат да се вакцинираат, од која било причина, треба да го преиспитаат своето размислување, според д-р Ентони Фаучи, главен медицински советник на претседателот и директор на Националниот институт за алергија и заразни болести.

Фаучи рече дека 99 отсто од неодамнешните смртни случаи од коронавирус во САД биле невакцинирани лица.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG