Конгресменот Тед По од сојузната држава Тексас, во интервју за српската редакција на Гласот на Америка, изјави дека тероризмот е една од главните причини за поблиска соработка меѓу двете држави. По беше во посета на Србија, каде имал средби со претседателот Александар Вучиќ, премиерката Ана Брнабиќ и министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ.
Конгресменот воедно истакна дека Русија ја користи својата моќ да манипулира со земјите од Источна Европа, додека Западот „стори нешто“.
Тој рече дека администрацијата на Обама го игнорирала Балканот, што според него било грешка, и дека се надева оти администрацијата на Трамп нема да го повтори истото.
Според По, иако главната цел на Србија е влез во Европската Унија, земјата одбила да се приклучи на блокот што беше за изрекување санкции против Русија околу кризата во Украина. За разлика од нејзиниот сосед, Црна Гора, која се приклучи на НАТО во јуни годинава, Србија не изразила интерес да стане дел од тој сојуз.
„Ја почитувам позицијата на Србија како неутрална земја, но треба да бидеме загрижени за Русија, која е во потрага по повеќе места за ширење на влијанието, а Балканот може да биде едно од тие места“, предупреди овој конгресмен.
„Европа треба да сфати дека Русија не ги променила своите перспективи од времето на Советскиот Сојуз“, додаде тој.
„Тие се мешаат во сите избори. Тие испраќаат дезинформации преку социјалните медиуми во сите земји, ја шират својата пропаганда“, предупреди конгресменот во разговорот за Гласот на Америка.
Facebook Forum